Уредното, ажурно и сеопфатно сметководство е основа за одлуки кај секој претприемач. Со нашите податоци и нашите совети секогаш ќе имате база за рационално одлучување и деловно планирање.
Во Екстра Тим сметководството е повеќе од ажурирање на податоците и пополнување на обрасци. Кај нас со финансиското и материјалното работење се даваат сите показатели за правење анализи на Вашето работење како показатели за успешноста на Вашата компанија.
Постоиме повеќе од 20 години. Нашиот тим е составен од професионалци со економски факултет и уверение за овластен сметководител со работно искуство. Нашето работење е комплетно усогласено со сите законски прописи. Подготвени сме да одговориме на сите Ваши потреби и барања.
Кај нас услугата е комплетна и се состои од:
ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО
- Комплетна обработка на Вашите документи
ДОСТАВУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ДО ИНСТИТУЦИИ
- Изработка на завршна сметка и доставување до ЦРМ и УЈП - Доставување на сите други обрасци до сите институции
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ
- пресметка со боледувања, скратено и прекувремено работно време
ПРИЈАВА И ОДЈАВА НА ВРАБОТЕНИ
- Електронска пријава и одјава на работници
ДАНОЧНИ УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
- Физички лица кои имаат потреба од пресметка на ДДВ и ПД
РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВИ ФИРМИ
Нашиот тим има овластаување за:
- регистрација на фирми, цената е 0 денари
- промени во ЦРМ, ликвидација, стечај